Дамјан Трајковски и Тамара Настова се закитија со злато и сребро на „Омега купот“

Таеквондо клубот Кобра викендов настапи на Меѓународниот турнир „Омега куп 2018“ во Белград, Србија, со двајца репрезентативци и освои златен и сребрен медал во конкуренција на 400 натпреварувачи.

Репрезентативецот Дамјан Трајковски (-78 кг), кој е вицешампион на Балканот, со нокаут во првите 10 секундиу го доби мечот. Тоа му беше прва борба во јуниорска категорија.

Да посетиме дека Балканското во Бугарија, за да го освои среброто го победи третиот  кадет во светот во неговата категорија.

Тамара Настовска (-44 кг) во кадетска конкуренција првата борба ја реши уште во втората рунда со разлика над 20 поени, додека во дуелот за златен медал е поразена од противничка од Србија.

А, Катерина Михајлова беше единствен судија кој ја претставуваше Македонија во Белград.

„Клубот работи и целосно посветен на подготовки за Меѓународниот турнир „Скопје опен 2018“ што ќе се одржи на 21 април“, велат од Кобра.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...