Далибор Огњанов огромното кик бокс искуство го прнесува на младите во Штип

Кик боксерот, сега пртеседател и тренер на Д’Џим од Штип, Далибор Огњанов- Дрма не е познат само во Македонија, туку и надвор од неа. Првиот позначаен успех го постигна 1998 година, кога во Бургас на Светското првенство го освои првото место во дисциплината аеро тај бокс, заедно со Дејан Петриќ од Штип и Иле Ристевски од Прилеп. Тие играа на композицијата на легендарниот Тоше Проевски „Македонија навива за вас“. Која е целта на клубот и какви резултати во досегашната кариера постигна? На последното државно првенство во кик бокс, неговите ученици освоија пет медали.

„Мотото на клубот е да се тргнат децата од улиците да ги избегнат лошите пороци на денешницата и да се свртат кон спортот и здравиот живот. Кик боксот е спорт кој нуди здрави навики, редовна физичка активност, поголема концентрација и контрола, самодоверба и почит, не учи на самоодбрана, на бонтон и на разумно однесување и донесување одлуки.
Јас така го доживувам овој спорт, така ја негувам оваа љубов и се надевам дека ќе ја пренесам понатаму на сите кои се заинтересирани и сакаат да водат здрав живот, на најдобар начин колку што можам“, вели Далибор Огњанов.
Тој има 22 годишна кик бокс кариера и на домашните , но и на најзначајните меѓународни турнири и првенства.

„Први чекори во спортот ги остварувам на 7-годишна возраст во Боречкиот клуб Балканец, од каде по неколку години труд и посветеност земам учество во неколку школски и државни натпревари и се закитувам со 1-ви места.
Љубовта кон спортот ја пренасочувам во Боксерскиот клуб Баргала каде ги изучувам и усовршувам вештините на боксот. Во овој спорт се покажувам како успешен спортист освојувајќи неколку 1-ви и 2-ри места на државните и меѓународните првенства.
Во 2002 година станувам член на Кик бокс клубот Оаза Штип, каде што претсдедател е Славе Ивановски, а тренер Дарко Костадиноски“.
Далибор не останува со овие резултати, и понатаму продолжува активно да работи.
„Во 2004 година земав учество на Државното првенство во Делчево, во дисциплината фул контакт и го освојувам 1-вото место. Тука започнува досега непрекината врска со кик боксот и негово професионално посветување. 
Истата 2004-та учествував и на Меѓународниот турнир – Кикбоксинг Кроација опен во лоу кик и го освоив златниот медал. Турнирите и првенствата се редат секоја година, а и успесите заедно со нив. Со секое учество е освоено медал и признание.
На Светскиот куп „10 Best Fighters WAKO World Cup 2005“ во Пјаченца, Италија, го освоив
2-рото место во фул контакт.
На Балканското првенство во Бургас, Бугарија, повторно сребрен медал во лоу кик, 2006-та на Меѓународно првенство во Косово, Урошевац/Феризај – 1-во место, 2007-ма на Интернационалниот турнир во кик бокс во Бугарија во К-1 бев прв со победа над европскиот шампион. На Светски куп во Италија  во фул контакт се закитив со бронза. Во 2008-та следуваат уште низа првенства, медали и признанија – на Балканско првенство во Охрид, во К1 го освоив златниот медал, на Светски куп во Германија во фул контакт сребрен медал, на Светско првенство во Бургас во мај тај освоено злато, на Евроазиско првенство во Турција бронза во фул контакт. Во 2013-та на Европскиот куп во Белград во К-1 бев втор,а на Балканско првенство во Тешањ, Босна и Херцеговина, во К-1 го освоив првото место“.

Далибор Огњанов не се задоволува со постигнатото.

„На Европско првенство во Краков, Украина, во мај тај бев трет, а на Светско првенство во Сао Паоло, Бразил, во К1 бев 5-ти. Покрај долгогодишното тренирање и усовршување на овој спорт во клубот Оаза Штип, тука се и тренинзите во Мелле, Германија, и Амстрердам, Холандија, во едни од најпознатите светски клубови како на пр. Mikes Gym – незаборавни искуства лекции и спомени со најпознатите во овој спорт .. Бадр Хари, Мелвин Махоеф, Артур Кишенко, Гокан Саки. До денес бележам повеќе од 200 борби и секое учество на многубројните меѓународни,европски и светски првенства останува забележано со некое од првите три места, сум прогласуван за најдобар спортист во Општина Штип, во Федерацијата, најдобар спортист во Македонија, успесите се само доказ за посветеноста,упорноста и љубовта спрема овој спорт“, додава Далибор Огњанов.

Државно првенство во кик бокс – медалисти

Кикбоксерите од неговиот на Државното првенство изминатиот викенд во Скопје освија пет медали: Акан Адемов и Кристијан Карпашев сребрени, Ерик Коцев, Антонио Донев и Петар Михов-бронзени.

Ipon.mk/К.М.

print

Можеби ќе ви се допадне...