Далибор Богданов со ММА појас од Светски куп и злато и сребро во кик бокс

Далибор Богданов изминатиов викенд на Светски кик бокс куп и ММА на  WMAC и WKU во Брегенц освои златен медал во фул контакт и сребрен во лајт контакт, како и шампионскиот појас во ММА.

Да не била судиската пристрастност Далибор ќе имал три од три, односно три први места. Тој изработил околу 12-13 борби во сите три дисциплини.

„Се надевав дека ќе дојдам до првите три,верував во себе,тренирав напорно и резултатот си дојде сам по себе “, вели Богданов за овој успех, истакнувајќи дека на Светскиот куп учествувале голем број на докажани натпреварувачи.

Сепак, ова е пдоготовка за ММА борбата што го чека на 14 декември, кога ќе се бори со  поранешен клупски соборец.

print