ДАЗН ја дуплираше понудата за враќањето на Владимир Кличко

ДАЗН (стриминг платформа) ја дуплираше понудата за враќањето на Владимир Кличко. 42 годишниот украински боксер би добил 80 милиони долари за да им се врати на борбите.

Кличко претходно имаше понуда од ДАЗН, но тогаш сумата беше 40 милиони долари, па Украинецот ја одби.

Сепак, доколку се согласи на оваа понуда, тогаш ќе потпише договор на три борби, кои би биле навистина спектакуларни. Украинецот би требало да се бори против боксер, кој се наоѓа во топ 10 во светот, а потоа следуваат пресметки со Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Токму тие двајца го поразија двапати, по што Кличко реши да се повлече од боксот во 2017 година.

Според условите, Кличко ќе добие одреден процент и од платените гледања и од билети.

ДАЗН сака Владимир Кличко да донесе одлука до крајот на март, бидејќи во спротивно би било проблем да организираат три борби за одреден период. Претходно беше планирано Украинецот да го одржи својот прв меч на 25 мај или 1 јуни.

.

print