Давид против Голијат на ММА меч во Русија (ВИДЕО)

Манијаците на Тру џим (True Gym) не престануваат да организираат секакви фрик-настани. Пред неколку месеци видовме три против три, како и Максим Новоселов против три во битки што ги организираше Тру џим, претставувајќи се како најпопуларен канал на Јутјуб во Русија за боречки вештини и самоодбрана. Сега решија да организираат уште една интересна битка во која ќе се спротивстават Давид и Голијат по правилата на ММА.

Андреј „WUSH MASTER“ Ефимов, кој е 77 килограми, ќе се натпреварува со Денис „PAPE GIGANT“ Вилданов, кој тежи 220 килограми. И, ако се прашувавте што е важно повеќе – брзина или килограми, тогаш Тру џим го има одговорот на вашето прашање во видеото:

print