Давид Мишев поразен од Колесник во репасажот на Европското првенство (ВИДЕО)

Давид Мишев е поразен во репасажот на Европското првенство за јуниори во Понтеведра, Шпанија, од Молдавецот Леомид Колесник со туш во првата рунда.

Молдавецот уште на почетокот тргна во напад и поведе со 2-0, довршувајќи ја акцијата со туш. Така тој оствари брза победа, а Мишев ја пропушти шансата да дојде до борба за бронзениот медал. Во конечниот пласман е 12-ти.

Резултати
61 кг
Давид Мишев – Павол Сатрон (Словачка) 8-3
Давид Мишев – Александар Јевшиеиенко (Украина) 0-10 (туш)
Репасаж
Давид Мишев – Леомид Колесник (Молдавија) 0-2 (туш)

57 кг
Халит Осман – Нику Катавеика (Романија) 0-10 (туш)
65 кг
Фати Фејсели – Гегам Галстјан (Ерменија) 0-7

print