Давид Крстески освои бронзен медал со златен сјај на Европското таеквондо првенство на ИТФ во Италија (ФОТО)

Давид Крстески освои бронзен медла во форми за црвени појаси во кадетска конкуренција Европско такевондо првенство на ИТФ во Римини-Италија, од 1 до 8 април, а на кое учествуваа околу 1200 учесници од 30 земји во Европа.

Македонската репрезентација ја претставуваа Давид Крстески во форми за црвен појас,кадети (11-13 год.) и -спаринг-борби -40 кг, кадети (11-13 год.) и Филип Јосифоски – форми за црн појас II дан, во специјални техники и во спаринг-борби -64 кг за сениори, под водство на селекторот Марјанчо Лазаревски.

„Давид Крстески, кој наполна 11 години и ги исполни сите критериуми за учество на Европското првенство, е нашата гордост. Можеме да се пофалиме дека на 11-годишна возраст имаме шампион кој не израдува со медал од Европско, што досега во нашата држава не се случило. Неговите успеси ни даваа надеж дека некогаш ќе биде освојувач на некој медал од некое големо натпреварување, но Давид Крстески во стилот на најголемите мајстори го направи тоа со само 11 години. Така, ги оправда сите очекувања. Ссите семинари, сите вложувања во него се исплатија. Докажа дека  има светла иднина за него во овој спорт. Солзите радосници беа неизбежни во овој магичен момент кога дете од 11 години гордо ќе ја претстави својата држава и ќе се избори за место на пидесталот, веднаш со големите сили, при што и судиите се против нас. Давид Крстески настапи храбро без ниту еден грам сомнеж во неговата техника и го освои бронзениот медал во форми за црвен поајс – кадети. Во плуфиналето судиите беа пристарасни и му ја дадоа победата на претставникот од Русија со минимална предност. Во првиот круг го совлада претставникот на Романија, во вториот круг претставникот на Украина, во третиот на Словенија, додека во четвртфиналето не успеа да ги победи судиите кои му го одзедоа финалето. Како и сите мали федерации , така и за нашата федерација, борбата за медал е многу потешка отколку за големите со голем борј натпреварувачи, нивни судии и се привилигирани во однос на нас. Иако знаеме дека златото и среброто се тешко достижни, за нас бронзата сјае како злато и секогаш ќе даваме се од себе во иднина, ако може да се дојде до нив. Исто така и во борби  во првата борба беше  совладан од судиите против натпреварувач од Велс, при целосна доминација и водство во текот на двете рунди. Главниот судија од Англија без потреба му даде неколку опомени на Давид Крстески, со што му ја намалија бодовната разлика. И при крајот на борбата по „стоп“, при нерешен резултат, судиите допишаа некој поен кај противникот и му ја зедоа победата на Давид. Имавме јавен протест, но, за жал, ни рекоа дека сме во право, ама дека не можеле да менуваат резултат по прогласувњето“, вели Лазаревски.

Филип Јосифоски во форми и специјални техники бил елиминиран уште во првиот круг, а во борби е прв во својата група, совладувајќи ги противниците од Италија и Велс.

„И во двете борби направи еден од најатрактивните вртени удари во скок за 540 степени. Воедно, тоа беше и единствениот вртен удар. Се пласира во четвртфиналето, но загуби во борбата за медал од Грк, а со тоа ја изгубивме шансата да бидеме земја  која со два натпреварувачи освоила два медали“, истакнува Лазаревски и доадва:

„Сакаме да се пофалиме, и покрај малата екипа, дека сме рамо до рамо со големите сили, така што нашиот пласман е во средината. Италија како земја домаќин на ова Европско првенство настапи со 24 натпреварувачи и освои само три бронзени медали, Романија  со 17 натпреварувачи без ниту еден освоен медал“.

Ipon.mk

 

print