Давејко: Ми се закануваа со смрт поради гласините за Џошуа

Откако Ентони Џошуа беше поразен од Енди Руиз се појавија гласини дека Британецот бил тешко повреден на трениг пред борбата.

Наводно го уривал/ нокаутирал неговиот спаринг партнер Џои Давејко (19-7-4, 11 КО), кој на 27 јули на настанот на Мечрум ќе му посака добредојде во тешка категорија на поранешниот светски шампион во лесно-тешка категорија Мурат Гасиев.

„Многу работи се случуваат околу мене токму поради тренинг кампот на Џошуа и сè друго. Луѓето имаат теорија на заговор во врска со она што се случи во тренинг кампот, дека Еди Херн ми дал понуда за бориба со Гасиев, само за да ми фрли коска“, рече 29-годишниот Американец за Фајт хип.

„Но, тоа не е така. Таа борба ми ја понудија уште во мај и знаев дека треба да се борам со нив и пред почетокот на кампот на Џошуа. Се надевам дека луѓето ќе го видат ова видео и ќе го разберат тоа. Борбата ми беше понудена во мај, но тогаш нешто се случи и се премести за во јули“.

„Толку многу го почитувам Ентони Џошуа што нема да зборувам за ништо, за никакви приказни од спарингот. Никогаш не сум бил таков тип на борец. Сум бил на подготвки со многу луѓе, со многу шампиони во тешка категорија, јас никогаш не зборувам за спаринзите. Тоа е прашање на боксерското братство. Никогаш не зборувам за тоа. На интернет може да се види дека сум го рекол ова или она, што ме нервира, бидејќи и не сакам да зборувам за тоа“.

„Поради ова добив смртни закани преку Инстаграм и слично. Така е како е. Не кажувам приказни од спарингот. Никогаш не реков ништо. Луѓето велат дека реков ова или она, но јас не кажав ништо“.

print