Гроувс го победи Јубенк во возбудлив меч и обезбеди финале во ВБСС (ВИДЕО)

Џорџ Гроувс (28-3, 20 КО) е првиот WBSS/ВБСС финалист во суперсредна категорија.

29-годишниот Британец во возбудлив меч во Манчестер со едногласна одлука на судиите го победи Крис Јубенка Јуниор (26-2, 20 КО) – 117-112, 116-112, 115-113.

„Сеинт Џорџ“ во финалето на 2 јуни ќе се бори со подобриот од мечот на Јурген Брамер и Калум Смит, кој ќе се одржи следната сабота во Нирнберг.

Со оваа победа Гроувс ја одбрани титулата ВБА супер првак во суперсредна категорија и го освои ИБО појасот на Јубенк. Јубенк веќе почетокот на борбата доби исеченица над десното око.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...