Гоце Јанески против големата бугарска надеж Петар Драганов во одлично издание, но недоволно за судиите

Гоце Јанески денеска настапи во Пловдив во Националната бокс лига Ефбет за ЦСКА од Софија и се пореше против најдобриот бугарски боксер во катгеоријата до 69 килограми Петар Драганов. Во изедначена и рамноправна борба во 4 рунди славеше Дрганов со одлука на судиите.

Според она што може да се види, но и тамошната публика, како и новинарските извештаи Гоце бил подобар во првата и третата рунда, но знаејќи дека Јанески доаѓа од Македонија, победата му ја доделуваат на Драганов.

Бугарски портал Бургасдрим.ком наведува дека големата боксерска надеж го добил еден од најтешките мечеви во вториот круг на Националната бокс лига Ефбет.

„Петар Драганов направи исклучително атрактивен двобој со еден од најопасните противници во својата катгеорија Гоце Јанески, Публиката го изгледа мечот во еден здив, кој на крајот предизвика насолзување“, се наведува во новинраскиот текст.  

Во оваа лига може да настапат само најдобрите боксери од Бугарија, и тоа само оние кои имаат освоено медал на Државното првенство на Бугарија.

https://www.facebook.com/ljupce.janeskibubarak/videos/2423121047771045/

Ipon.mk

print