Гоце Јанески – најдобриот македонски боксер, заборавен од институциите!

Колку знаеме да се радуваме и самите не сме свесни! Пред да стигнеме до радувањето некој треба да помине трнлив пат. Е па како да се совпаднат  овие две работи во корист на оној што ни ја приредува радоста?!

Кога знаеме дека некој е најдобар и најпреспективен, а во моментов е и повреден, зарем не треба да покажеме доблест и да прашаме како е и дали може некако да му помогнеме!

Зарем се сведува на родителска и клупска и грижа и кога тогаш на Федерацијата! Кај се тука Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки спорт?

Можеби ќе рече некој тој нема резултати од европско првенство?! Но, сите знаеме колку е напорен патот на еден боксер и на млади години емоциите се преголеми, затоа тие треба да наведат во позитивна насока, односно да се добие впечаток дека институциите во државата се грижат за своите спортисти.

Затоа, не се трпат оправдувања како што се погоре наведени, оти кратковидоста е штетна, а доблеста плодна.

Затоа почитувани, Гоце Јанески заслужува внимание како најдобар боксер во Македонија и тоа сега кога е повреден! Од друга страна, ако вие не го забележувате неговиот квалитет, други стручни штабови го забележаа!

Гоце Јанески е со најдобриот боксер во Македонија во 2017 година. За жал, повредата го спречи да биде најдобриот боксер во Регионалната бокс лига, односно во државите од поранешна Југославија, нешто што значи дека е квалитет.

Да потсетиме, Гоце имаше скор 6-2 во Регионалната лига, и тоа едната борба во која беше доминантен ја загуби поради повредата, а првата поради домашниот терен и спасувањето на честа на друг репрезентативец од друга држава. Во Правта лига на Македонија нема загубено меч, како и на Државното првенство, а минатата година бевме горди зашто имаме победник на Златниот гонг, додека годинава велевме дека добро се бореле и судиите ги оштетиле.

Ако немаме доблест и осет, тогаш ни нема спас! Можеби чекаме некој друг да ги потврди вредностите на нашите спортисти, боксери.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...