Головкин го растури Канело, судиите досудија нерешно, публиката ги исвирка (ВИДЕО)

И навивачите Сол Алварез – Канело кои беа во голем број во Лас Вегас ја исвиркаа одлуката на судиите откако го прогласија мечот за нерешен.

Мечот за светски првак во средна категорија помеѓу Генадиј Головкин  (37-0 -1, 33 КО) и Сол Алварез (49-1-2, 34 КО) кој рано изутринава се одигра во „Т-Мобиле арената во Лас Вегас заврши – нерешено!

Еден од најдолго очекуваните мечеви во поновата историја на боксот, после оној помеѓу Мејведер и Мекгрегор од спектакл се претвори во невидена фарса.
Непосредно пред да почне мечот, обложувалниците го намалија коефициентот за реми од 30 на 15, а дека има нешто сомнително се виде и на крајот од битката.

Головкин, кој со овој резултат ги задржа титулите во ВБА, ВБЦ и ИБФ верзиите, доминираше скоро во целиот тек на натпреварот, и вистинско чудо е како Канело го дочека крајот на 12 рунда на две нозе.
Мексиканецот почна подобро, добро го раздрма својот противник од Казахстан, но само во уводните рунди. И сигурно не доби дури десет од нив како што пресуди судијката Аделаид Бирд. Токму нејзиното гласање беше шокантно, па дури и за лаиците кои дојдоа во Лас Вегас да гледаат „тепање”‘, затоа што „од авион” се гледаше дека Головкин е победникот.
Но, нејзината одлука беше 118:110 во корист на Мексиканецот, додека пак другите двајца судии (при)донесоа сето тоа да оди кон реми!!!

„Го стискав во секоја рунда. Добро е што и понатаму ги држам сите појаси, сеуште сум првак, но секако, сакам реванш”– рече Головкин кој беше дочекан со овации од публиката.

Мексиканците знаат бокс, и сигурно подобро од судиската тројка, па испратија свирежи кон својот миленик.

„Освоив седум или осум рунди. Најмалку три пати во ‘задрмав’ и затоа се чувствувам фрустрирано поради ова реми. Ако сака реванш, ќе го добие”– порача Алварес.

Така, една судиска бламажа во сенка го фрли овој фантастичен меч кој ги оправда сите боксерски очекувања. Врвни 12 рунди бокс, меч во кој и некое мало дете би пресудило поинаку од овие тројца.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...