Головкин: Алварез се плаши од пресметката со мене

Golovkin Alvarez

Светскиот шампион во бокс во средната категорија на ВБЦ, ВБА, ИБФ и ИБО, Генади Головкин, смета дека на поранешниот светски шампион во две категории, Сол Алварез, едноставно му е страв да излезе на рингот против него.

 „Тој премногу зборува. Не ги почитува навивачите. Секој сака да го види нашиот дуел. Сепак, Алварез е само уплашен. Тој и неговите менаџери го знаат тоа. И тие се уплашени. За нив тој им е „крава молзница“. Ако загуби – нема повеќе да има пари за нив, нема да има бизнис. Навивачите знаат дека сум подготвен да се борам со него, а тој со мене – не“.

Нивната средба се очекува да стане реалност наредната есен.

print

Можеби ќе ви се допадне...