Големиот балкански карате семинар зачекори во традиција, следната година во Скопје, Софија, Ниш и Будва

Големиот балкански карате семинар зачекорува во традиција по годинашново востановување веќе се закажани термините за идната година. Во Скопје ќе се одржи на 12 и 13 април во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ под водство на инструкторите Зоран Пејов – Македонија, Милан Ѓокиќ – Србија, Тони Петров – Бугарија и Ранко Вукотиќ – Црна Гора.

Големиот балкнаски семинар ќе почне со доаѓањето на пролетта на 22 и 23 март во Софија – Бугарија, потоа е на ред Скопје продолжува на 7 и 8 јуни во Ниш – Србија, и завршува во Будва, Црна Гора, на 20-23 јуни.

На семинарот ќе се практикуваат техники од карате до, спортско карате, карате џицу, односно самоодбрана.

Првичната идеја на овој семинар е за да ги обедини балканските народи против лошото а за добро, односно зближување на балканските каратисти-спортисти, покажувајќи дека спортот зближува и обединува со порака за мир и пријателство, односно подготовки за големите натпреварувања, пред се Олимписките игри на кои каратето ќе дебитира во Токио 2020. Цел на Семинарот се Олимписките игри во Париз 2024 година. Впрочем идејата за овој Голем балкански карате семинар ја покрена нашиот карате мајстор Стојан Стојанов, кој живее и работи во Франција и е дел од француското карате, а поврзан со сите балкански карате центри.

Големиот балкански семинар кулминацијата ја достигна во Скопје на 29 и 30 март со присуство на стотина каратисти и присуството на дипломатскиот кор: амбасадорката на Србија Душанка Дивјак – Томиќ, амбасадорот на Бугарија Иван Петков и заменикот на амбасадорката на САД, Микаела Швајцер – Блум, како и третиот секретар на српската амбасада Срѓан Недељковиќ.

Покрај вклучувањето на Црна Гора во овој проект се очекува да се приклучат уште неколку балкански земји, а се најавуваат и многу новитети и интересни работи.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...