Глори ќе го одржи турнирот на тешкашите во Чикаго

Глори на настанот во Чикаго на 16 феруари ќе одржи турнир на предизвикувачките во тешка категорија.

Во првото полуфинале Новозеланѓанецот Јуниор Тафа, кој во дебито за Глори го нокаутира Кинезот Луа, оди на Бразилецот Гуто Иносенте.

Вториот полуфинален пар е Бенџамин Адегбај и Д’Анџело Маршал, кој во септември го порази Исмаил Лондт.

Тешко е да се каже дали победникот ќе се бори за шампионската титула, бидејќи последните двајца победници на турнирите на предизвикувачите – Бенџамин Адегбај и Исмаел Лондт не добија шанса.

Муртел Гроенхарт во првата одбрана на титулата во велтер во рингот влегува со Харут Григоријан, кој веќе двапати го нокаутирал. Нивната последна борба на Глори 42 во Париз имаше хаотичен крај.

Ситичаи Ситсонгпеенонг против Кристијана Баја по трети пат ќе го брани појасот во лесна категорија.

Во Супер Фајт серијата на настанот Каталин Морошану ќе ги одмери силите со Гркот Џанис Стофоридис.

Глори 50 Чикаго
Мурел Гроенхарт – Харут Григоријан
Ричард Абрахам – Малик Вотсон-Смит

Полуфинале на турнирот:
Бенџамин Адегбај – Д’Анџело Маршал
Гуто Иносенте – Јуниор Тафа

Глори 50 Супер фајт серија
Ситичаи Ситсонгпеенонг – Кристијан Баја
Каталин Морошану – Џанис Стофоридис
Омар Морено – Кејси Грин
Даниел Моралес – Омари Бојд

print

Можеби ќе ви се допадне...