Глори му ја зема шампонската титула на Гокхан Саки!

Gokhan Saki 1

Гокхан Саки, веќе не шампион во тешка категорија на Глори, откако оваа голема организација во светот на кикбоксот одлучи да му ја одземе титулата. 

Саки до шампионската титула дојде во април 2014 година, кога на финалниот турнир во Истанбул постигна победа против Тајрон Спонг. Во полуфиналето Саки беше подобар од Натан Корбет, а во финалето Спонг се здоби со сериозна фрактура на ногата.

Саки оттогаш не настапуваше за Глори и имаше само еден меч за ГФЦ на кој го победи Себастијан Чобану.

Од порано беше познато дека Саки не е задоволен со финансиската понуда на Глори и дека тој нема да се бори под покровителство на оваа организација се додека не ги исполнат неговите услови. Глори се обидуваше да организира негов настап на Белатор Дајнајт, настан што се одржува во септември, но не беше постигнат договор, па во Глори одлучија да му ја одземат титулата на Саки.

Сè уште не е објавено кој ќе се бори за испразнетата шампионска титула во полутешка категорија.

print

Можеби ќе ви се допадне...