Гловацки избегна катастрофа (ВИДЕО)

Кшиштоф Гловацки (29-1, 18 КО) за малку во својот 30-ти професионален меч да доживее големо изненадување.

Поранешниот  шампион на ВБО пред своите навивачи во Ниси имаше многу потешка отколку што се очекуваше од претходно непоразениот Сергеј Радченко (6-1, 1 КО).

30-годишниот Украинец го уриваше Гловацки во петата рунда, но Пољакот на крајот успеа да дојде до победа со судска одлука по 8 рунди.

Сите тројца судиии го бодуваа мечот 77-74 за Гловацки.

Во првиот меч по поразот со нокаут од Мурата Гасиева на ВБСС/WBSS турнирот, уште еден поранешен првак Кшиштоф Влодарчик (54-4-1, 38 КО) победи со прекин во втортата рунда против Адам Гадаев (17-15, 8 КО).

.

print

Можеби ќе ви се допадне...