Глигор Стојанов на 2 декември се бори со Ванчалерм

Alek gligor stojanov borba 2

Македонскиот мај тај борец Глигор Стојанов на 2 декември настапува на „Мај екстрим“ настанот против Ванчалерм Нуантонгснукер од Тајланд.

Ванчалерм има преку 200 борби кој настапува за Боџинг салата на полиција, бидејќи и тој е полицаец. Минатата година стана шампион на еден од најтешките турнири во Тајланд, Изузу.

gligor-stojanov-plakat

„Сега сум добро подготвен. На настапот во Бугарија шест месеци немав борба, бидејќи се опоравува од повредата. Рамото се уште не ми беше како што треба. Сега се е во ред , бидејќи повторно, како порано,  ќе се борам нон-стоп“, вели Стојанов за Ipon.mk.

Глигор има и други палнови, односно да се бори надвор од Тајлнад, каде што живее моментално.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...