Глигор Петков е во финалето на Европското карате првенство

Глигор Петков (+76 кг) вечерва ќе се бори за шампионската титула на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Алборг, Данска. Во финалето Петков ќе се бори со Ирецот Крин Мек  Карти во јуниорска конкуренција.

Нашиот репрезентативец до финалето извојува четири победи и тоа против: Јоханес Корпела (Финска) 1-0, Пав  Хаструп (Данска) 0-0, Томас Коса (Словачка) 1-0 и Сергеј Калинин (Русија) 4-1.

Да потсетиме дека и вчера во кадетска конкуренција имавме финале, Бојан Костов го освои сребрениот медал, бидејќи беше поразен во борбата за златото.

Абдурахим Идризи, Мевлуд Мемеди и ката тимот жени ги се седми во Европа.

Referet botror!! 👏World judges!!

Posted by Abdurahim Idrizi on 2019 m. vasario 9 d., šeštadienis

Идризи ќе жали, бидејќи за влез во полуфиналето загуби со 0-1 од Белорусинот Микита Раштекин, но тоа се случи на 7 секунди до крајот. Во репасажот е оштетен од судијата во мечот со Александру Ангел (Романија), затоа што победата му овозможуваше борба за бронзата.

Мевлуд Мемеди загуби во првата борба од финалистот Рајбак Абдеселем (Франција) со 0-3, а во репасажот славеше над Андрија Фатиќ (Црна Гора) 1-0, но загуби од Турчинот Хасан Арслан и не доби можност да се бори за третото место.

Кадетско-јуниорскиот ката тим ја мина првата фаза, додека во втората имаше најслаб резултат, за да се вклучеа во борбата за медалите требаше да бидат втори. Ова млад ката-тим, така што има шанси зза нив на наредните првенства.

Утре настапуваат јуниорите до 21 година, конкуренција во која имаме повеќе адути за медал.

На првенството има 1092 учесиници од 51 држава.

Резултати

Јуниори
-48 кг
Букурије Селими – Кинга Клацан (Унгарија) 0-0

-53 кг
Марија Милева – Амели Фогелин (Швајцарија) 1-3

-55 кг
Абдурахим Идризи – Баламбер Жоке (Унгарија) 3-0
Абдурахим Идризи – Лука Глуридѕе (Грузија) 0-0
Абдурахим Идризи – Микита Раштекин (Белорусија) 0-1
Репасаж
Абдурахим Идризи – Александру Ангел (Романија) 0-1

-61 кг
Илир Бајрами – Серхио Родригез (Шпанија) 4-1
Илир Бајрами – Стефанос Јоану (Кипар) 0-3

-68 кг
Марио Свинарски – Алберто Морено (Шпанија) 1-3

-76 кг
Мевлуд Мемеди – Рајбак Абдеселем (Франција) 0-3
Репасаж
Мевлуд Мемеди – Андрија Фатиќ (Црна Гора) 1-0
Мевлуд Мемеди – Хасан Арслан (Турција) 0-1

+76
Глигор Петков – Јоханес Корпела (Финска) 1-0
Глигор Петков – Пав  Хаструп (Данска) 0-0
Глигор Петков – Томас Коса (Словачка) 1-0
Глигор Петков – Сергеј Калинин (Русија) 4-1
Финале
Глигор Петков – Крин Мек Карти (Ирска)

Кати
Ката тим жени (Аврамова, Грозданова, Маневска) 22,0 поени 4-ти во 1-група
Р2 – Г1
Ката тим жени (Аврамова, Грозданова, Маневска) 21,4 поени 4-ти во втората фаза, 7 место

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...