Глигоров: Изоставањето на Лазаревска и Коцева од списокот за Балканското првенство во Бугарија е скандал

Тренерот на најдобрите македонски борачки Бојана Лазаревска и Олгица Коцева, Страшо Глигоров, кој е суспендиран од ФБСМ, нивното изоставање од списокот за учество на Балканското првенство за кадетки и младинки, кое се одржува во Панаѓуриште, Бугарија, од вчера па до 6 октомври, го нарекува скандал.

„Бојана Лазаревска и Олгица Коцева се единствените освојувачки на медали од Балканските првенство во женско борење и воедно се носители на бројни медали и награди од меѓународните турнири. Исто така, Бојана Лазаревска, официјално е најдобрата борачка за 2018 година во рамките на Федерацијата за боречки спортови на Македонија и ја има забележано првата победа на едно Европско првенство, во женско борење (2018, Ѓер, Унгарија)“, и стакнува Глигоорв во дописот упатен до Ипон.мк.

Тој посочува дека од Федерацијата не добиле официјален список за учество на Балканското првенство за У15, кадетки и младинки во борење слободен стил, грчко римски стил и женско борење за 2019, нагласувајќи дека ниовниот клуб има кандидат и за настап во грчко-римски стил.

„Федерација на боречки спортови на Македонија (ФБСМ) спротивно на важечките позитивните законски прописи, со правење на тешки повреди на Статутот, Правилникот за работа на стручно-тренерската комисија на ФБСМ и Правилникот на репрезентацијата на Македонија во борење, за 2019 година нема формирано репрезентација во женско борење која ќе учествува на регионалните и мeѓународните натпревари во борење. Спротивно на прописите, носителите на стручната работа (тренерите и селекторите) во женско борење, не доставиле годишен план и програма за работа за 2019 година, оперативна програма за секој циклус на подготовка или индивидуална подготовка на националните тимови, кампови или школи за борење, поширок список на националниот тим за наредната година, список на репрезентативки за настап на официјалните првенства. Список на репрезентативки за учество на меѓународни турнири. Иако во Правилникот се точно наведени документите кои треба да произлезат од Стручно-тренерската комисија и да бидат предложени за усвојување од страна на Управниот одбор, сепак, ниту еден од наведените документи не е подготвен, односно не е доставен до боречките клубови кои ја сочинуваат федерацијата“, наведува Глигоров.

Во изминатите две години, ги финансираме сите учество на меѓународни натпревари, вели Глигоров и додава дека Федерацијата на чело со претседателот Бетим Вренези, не само што нема репрезентативна програма, туку со бројни незаконитости и постапки од петни жили се труди да направи што поголема штета.

„Во рамките на овој скандал, да напоменеме дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе општа препорака од областа на еднаквоста и дискриминацијата  во родовите права во согласност со  член 21 точка 6 и член 28 во врска со членовите 5 и 3 од Законот за спречување и заштита од дискрминација, како и член 9 од Уставот РСМ, според која Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) треба да го усогласи Стаутот, другите општи акти и одлуки со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, потенцира Страшо Глигоров, кој беше директор на репрезентацијата.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2552738021414353&id=316470341707810

Тој истакнув дека во наредниот период ќе ја продожат институционалната борба и ќе направат се правдата да победи.

Овие забелешки на Глигоров ги упативме до ФБСМ и нејзините челници, како и одењето на борачите на БК Чаир со амин на директорот на Агенцијата за млади и спорт, бидејќи претходно добиле негативен (не)одговор од ФБСМ, иако имавме ветувања, за жал, до вечерва не добивме одговор.

print