Гегард Мусаси: Пребрз сум и потехничар сум од Рафаел Ловато

Гегард Мусаси верува дека ќе го порази Рафаел Ловато и ќе ја одбрани титулата во главната борба на Белатор 223 овој викенд во Лондон.

Мусаси е во серија од осум последователни победи и во последните два меча ги нокаутира Рафаел Карваљо и Рори Мекдоналд. Сега, неколку дена пред битката, верува дека е подготвен за Ловато и смета дека е премногу брз за него и подобар техничар.

„Гледам дека сум пребрз и технички подобар за Ловато. Мислам дека во оваа борба нема да бидам во опасни ситуации. Подготвен сум да се справам и со такви ситуации. Ако битката се префрли на партер, можам да се исправам или да го неутрализирам на подот.

Може да ме победи, но мора да направи три работи. Треба да ме собори, да ме држи на партер и да ме сабмитне. Планирам да го спречам во првата фаза со мојата одбрана од уривање. Знам дека сè ќе биде добро. Моите намери спрема него во борбата овој викенд се насилни“.

print