Вајлдер: Понудите од 12,5 и 15 милиони долари сега се смешни. Се обложив на себе и не може да погрешите кога верувате во себе

Дионтеј Вајлдер во вторник ќе објави дека во деветата одбрана на ВБЦ титулата во тешка категорија ќе се бори со Доминик Бризил.

Мечот ќе се одржи на 18 мај во Њујорк.

Но, најважната вест, најверојатно, ќе биде дека 33-годишниот Американец одбил понудата на ДАЗН од 100 милиони долари за да помине кај нив.

Се очекува првакот да објави дека мечот со Бризил, како и досега, ќе го пренесува Шоутајм. По таа борба, ќе ги разгледа понудите на конкурентите.

Вајлдер може да ги натера Шоутајм и ДАЗН да се натпреваруваат за него. Ако заврши во ДАЗН, може да се бори со Ентони Џошуа, а инаку следната голема заработувачка може да ја побара во реваншот со Тајсон Фјури кој е кај ЕСПН.

„Вака беше во времето на Мајк Тајсон“, изјави менаџерот на Вајлдер, Шели Финкел, кој беше менаџер на Тајсон, за Телеграф.

„Сложено е и комплицирано. Така е тоа кога се обидувате да ги договорите најголемите борба. Но, на крајот се се решава, а така  ќе бидеи во овој случај. За сите овие борци влогот е прголем за да не дојде до тие борби“.

Вајлдер беше критикуван поради одлуката да ја пропушти понудата на ДАЗН која ќе го доведеше до борбата за неоспорен шампион со Џошуа.

„Толку многу луѓе сакаат да ја диктираат мојата кариера и да ми кажат дека треба да го имам ова или она, или не би требало ова, неби  требало она“, вели Вајлдер.

„Понудите од 12,5 и 15 милиони долари сега се смешни. Се што наводно требаше да го направам не  го направив и погледнете ја мојата кариера сега. Се обложив на себе и не може да погрешите кога верувате во себе. Ми се допаѓа што сум слободен агент и ми се допаѓаа што сум во прилика да продолжам да го работам она што го правам. Ќе видиме што носи иднината“.

print