Во сабота: „Трофеј штипски боречки асови“

plakat-borenje-stip-2016

Во сабота (17 декември) во Штип ќе се одржи Меѓународниот турнир во борење „Трофеј штипски боречки асови“ на кого ќе учествуваат натпреварувачи од Бугарија, Србија, Романија,  Косово, Грција и Македонија.

Се очекува 150 борачи од нашите и странските клубови. Притоа на заслужни борачи ќе им бидат доделени награди.

Турнирот го организира БК Балканец, а ќе се одржи во Спортската сала „Јордан Мијалоков“ со почеток во 11 часот.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...