Во сабота се одржува турнирот во борење „Трофеј шампиони боречки легенди“ во Радовиш

Во сабота во Радовиш се одржува Меѓународниот турнир во борење „Трофеј шампиони боречки легенди“ во организација на БК Бучим.

Турнирот е за деца, пионери и кадети и за женско борење. Се очекува да настапат околу 180 борачи од Македонија, Бугарија, Грција и Косово.

Натпреварите почнуваат во 11 часот во СРЦ „25 Мај“.

print