Во сабота продолжува традицијата со „Легендите на Спартак“ наместо со „Андонов-Колев“

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) испарти изветсување дека во Кочани ќе се одржи турнир во борење„Легендите на Спартак“ на 24 ноември (сабота), како замена за Меморијалниот турнир „Андонов – Колев“ кој минатата година не се одржа и по 20 години заминува во историјата.

Вчера претседателството на Спартак одлука истиот во иднина да го носи името „Легендите на Спартак“. Како повод за ваквата одлука е заминувањето од овоземскиот живот на еден од најдобрите борачи на кочанскиот клуб Коце Ефремов, а претходно и на Ампо Дамјанов,но и други борачи. Од клубот сметаат дека турнирот ќе биде посветен на сите оние борачи кои повеќе не се помеѓу нас, а секој на свој начин има допринесено за создавањето на реномето на Спартак.

Досега на турнирот годинава своето присуство го пријавиле 11 клубови од Македонија, можно  е да настапат и клубови од други држави.

Борачите ќе се натпреваруваат во 4 генерации во машка и една генерација во женска конкуренција.

Генерација 1997 – 1999 во категорија до 77 килограми

Генерација 2000 – 2003 во категориите до: 66, 76, 85 и 97 килограми

Генерација 2004 – 2006 во категориите до: 36 и 49 килограми

Генерација 2008 – 2010 во категориите до: 27 и 35 килограми

Женска конкуренција, генерација 2005 – 2006 во категории до: 46 и 60 килограми.

Според пропозициите на турнирот, секоја екипа во една иста категорија може да пријави најмногу до двајца борачи.

Во 09:30 часот е закажано мерењето на борачите, турнирот започнува во 11:00 часот, а свеченото отворање е закажано за во 12:00 часот. Финалните борби започнуваат во 13:30 часот.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...