Во Макпетрол задоволни од освоените пет медали на Балканското првенство (ФОТО)

Каратистите на Макпетрол освоија три златни и две сребрени медали во највозрасната категорија на помлади сениори-ки (У21) викендот во Херцег Нови на 18. Балканското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21.

„Ова е голем успех за каратистите на Макпетрол“, оцени тренерот Бошко Заборски.

Моника Пендаровска освои два златни медала, во поединечна и екипна конкуренција во дисциплината борби. Анѓела Мојсовска, исто така со освоени два медала, од кои еден златен и еден сребрен во поединечна и екипна конкуренција во дисциплината борби. Петтиот медал за Макпетрол го освои Абдурахим Идризи – сребрен медал кај јуниорите во категорија -55 кг.

На првенството учествуваа 885 натпреварувачи од 11 држави.

Златен медал за Моника Пендаровска

Балканска шампионка во помлади сениори  во категоријата на -55 кг стана Моника Пендаровска. Таа во првото коло беше слободна во второто коло ja победи натпреварувачкaта од Србија  Вујасинович Александра со резултат 1-0, во второто коло беше поуспешна од Харбел Барбара од Словенија со резултат 5-0 и во финалната борба ја победи исто така Солдо Анѓела од Босна и Херцеговина на судиско изјаснување со 5-0.Моника Пендаровска стана балканска првенка за прв пат во својата кариера. Да потсетиме дека Моника до сега во својата кариера има освоено и три европски официјални медали во конкуренција на кадетки и јуниорки. Ова е нејзин прв позначаен успех кај помладите сениорки (У21), највозрасната младинска категорија и воедно со најтешка и најквалитетна конкуренција на спортисти.

 Сребрен медал за Ангела Мојсовска

Ангела Мојсовска .во категоријата на помлади сениорки (У21)  категоријата  – 68 кг, освои сребрен медал и стана балканска вицешампионка. Во првото коло Ангела, беше поуспешна од Прга Ирена од Хрватска победи ос 2-0, во второ коло победа со Рогиќ Сара БиХ, со извонреден резултат од 7-0, во полуфиуналето ја победи спортистката на (Олимпик) Јаниќ Емилија со резултат 1-0 и во финалната борба загуби од Тадиќ Анита со 1-5.

Сребрен медал за Абдурахим Идризи

Абдурахим Идризи освои исто сребрен медал за јуниори борби во категоријата -55 кг , во прво коло победи со Скотник Сани од Словенија резултат 1-0, во второ коло победи со Лацковиќ Кристијан од Хрватска резултат 4-1, во полуфинале победи со Атовиќ Мурнес од БиХ на судиско изјаснување со резултат 4-1, во финалето беше поразен со резултат  0-2 од Смилковски Столе.

Златени медали за Моника Пендаровска и Агела Мојсовска екипно – борби

Одличен успех постигнаа и каратистките на Макпетрол Моника Пендаровска и Ангела Мојсовска во дисциплината екипно борби за жени. Тие заедно со Вероника Костовска (Кеикс) и Јаниќ Емилија (Олимпик), успеаја да го  освојат златниот медал и да победат во највозрасната категорија на помлади сениорки (У21). Во елиминацискиот дел беа поуспешни од Босна и Херцеговина, победија со резултат 2-1, потоа во второто коло победија и со репрезентацијата на Србија резултат 1-1, имаа подобра поен разлика, и во Финалето остварија доминантна победа над репрезентацијата на Словенија со резултат од 2-0.

„Ова е голем успех кој го постигна овој женски тим, и со тоа станаа Балкански шампионки во екипна конкуренција борби во највозраната категорија на спортистки на ова натпреварување“, изјави Заборски

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...