Владимир Кличко и Ленокс Луис спореа на социјалните мрежи

Две боксерски легенди разменија мислења за можноста професионални боксери  да учествуваат на Олимпијадата. Причината за дискусијата беше одлуката на АИБА да им овозможи на професионалните боксери да учествуваат на Токио 2020. Овој потег беше критикуван од многу боксерски организации, а ВБЦ се закани со двегодишна казна на професионалните боксери кои ќе одлучат да учествуваат на Олимпијадата следната година.

„Професионалните боксери не треба да се борат против аматерските спортисти. Некој може да биде сериозно повреден. Боксот не е како другите олимписки спортови. Тоа е многу лоша идеја “, напиша Луис на својата страница на Твитер.

„Глупости“, рече Владимир Кличко. „Во интерес на вистината, сите  професионалци лошо се претставија во Рио. Всушност, професионалниот боксер е во неповолна положба кога се соочува со аматер според правилата за аматерскиот бокс. Сум се борел стотици рунди со аматери и знам за што зборувам “.

Сепак, Ленокс Луис не му остана должен: „Секако, има неискусни професионалци кои не можат да се натпреваруваат со елитни аматери. Но, штом ја отворите таа кутија (Пандорината-кутија – најчесто користена метафора за означување невино дејство со тешки и обично негативни последици), каде ќе ја поставите границата? Не можам да се сетам за елитен боксер од којабило категорија што би бил во неизгледна ситуација против аматер“.

Потсетете се дека неодамна светскиот шампион во тешка категорија Енди Руиз најави дека радо би боксирал на турнир во јапонската престолнина и ќе ги разгледа договорите со одделни организации за ваков потег. Тој беше поканет од Мексиканската федерација да се приклучи на олимпискиот тим, но претседателот на ВБЦ, Маурисио Сулејман се закани дека секој професионалец, без разлика на поранешен или сегашен шампион, кој ќе избере да учествува во Токио, ќе биде казнет со отстранување од ВБЦ ранг-листата на две години.

print