Владимир Кличко: Има денови за мегдан

Tajson lev direkt vo klicko

Поразениот Владимир Кличко на мечот против Тајсон Фјури, изјави дека оваа загубена борба ќе го направи посилен, Според него, тој ја загубил битката, но, не и војната, иако шампионските појаси сега се во сопственост на Фјури. Но, ќе има меч за „реванширање“.

„После четири дена, кога се одморив психички, подготвен сум да продолжам по вистинскиот пат. Сакам да смогнам сили, да се вратам физички и психички многу посилен. Им ветувам на своите навивачи дека ќе дадам се од себе и напорно ќе тренирам, за да се вратам таму каде што припаѓам. Можеби ја загубив битката, но, не и војната. Ќе има реванш против Фјури следната година“ – изјави Кличко.

За Украинецот тоа беше четврти пораз во 68 професионални настапи. Реваншот помеѓу овие двајца боксери ќе се одржи следното лето, пред 80.000 гледачи, на лондонскиот стадион „Вембли“.

print

Можеби ќе ви се допадне...