Ветераните во Струмица ќе се борат за состав на репрезентацијата за Светското првенство

 

Утре во Струмица се одржува Изборното првенство за борачи ветерани, како подоготовка за Светското првенство за ветерани кое во септември ќе се одржи во Скопје.

Домаќин на Државното првенство е БК Извор од Струмица и ќе се одржи во салата на Средното земјоделско училиште „Димитар Влахов“ со почеток во 11 часот. Првенството ќе послужи за избор на македонската репрезентација за СП.

Минатат година Трајан Ангелов (-100 кг) на Светското првенство за ветерани во Пловдив, Бугарија, го освои бронзениот медал во категоријата до 100 килограми за возрасни од 56 до 60 години.

Ангелов беше поразен со по 6-0 од Јохн Лотар од Греманвија во второто коло и во четвртото од Родбари Шагеи Махмуд. Во последната борба се бореше против Јужноафриканецот Сатон Кристофер Ендрју која заврши нерешено 4-4, но ја предаде и изгуби. Сепак, тој го освои бронзениот медал…

Тој настапи и СП во Атина во 2015 година.

На СП во Пловидв настапи и Енвер Исмаили во категоријата до 78 килограми, притоа забележа победа во првото коло против Батулга Чоијамц од Монголија со 4-0, а во второто беше поразен од Жак Росоу од Јужна Африка со 0-8.

Има најави дека на првенството ќе учествува сегашниот претседател на Лирија, Имер Кадриовски, поранешниот борач на Балканец Иле Георгиев, Пајазити и други борачи.

„Бидејќи сме домаќини на СП има најави од повеќе клубови дека ќе земат учество на Изборното првенство кое за прв пат се одржува во Македонија. Од Радовиш, Штип, Скопје, Прилеп, Струмица ќе има борачи на Изборното првенство. Претседателот на Олимпискиот комитет на Македонија, Васил Тупурковски, ќе го отвори првенството, а очекуваме и други гости“, вели легендата на струмичкото борење Сократ Ефтимовски.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...