Вердум: Се чувтсувувам Мексиканец повеќе и од Каин

verdum velaskez

Шампионот во тешката категорија Каин Веласкез и привремениот шампион Фабрицио Вердум ќе се сретнат овој викенд на УФЦ 189, за да ги унифицираат титулите. Дуелот ќе се одржи во татковината на Каин – Мексико, при што се очекува тој да има голема поддршка од публиката. 

Сепак, Вердум совршено зборува шпански и често е коментатор за шпанските програми кои емитуваат настани од УФЦ, додека Веласкез не го зборува толку добро шпанскиот јазик. Всушност, Вердум смета дека повеќе е Мексиканец отколку Каин.

„Добивам многу пораки од моите мексикански фанови. Многу се радувам. Сум бил над 20 пати во Мексико и во реалноста повеќе се чувствувам Мексиканец од Каин“.

Вердум изјави дека одложувањето на мечот во ноември била стратегија од страна на Веласкез.

„Верувам дека повредата на Каин беше стратешка. Тој сигурно имал повреда, но не беше толку тешка за да се одложи пресметката. Сега ќе видиме кој е вистинскиот шампион, бидејќи Каин две години не се борел. Јас се уште сум тука и пред тоа бев тука, но тој не се појави. Чувствувам дека на 13 јуни ќе излезам како шампион од борбата“.

print

Можеби ќе ви се допадне...