Велигденски дар од Дан кју – две злата и три сребра од „Будимпешта опен 2018“ (ФОТО)

За Велигден натпреварувачите на Џиу џица клубот Дан кју од Скопје дадоа се од себе празникот да им биде поубав и посерќен со освојувањето на два златни и три сребрени медали на Меѓународниот турнир „Будимпешта опен 2018“ во Унгарија.

Овој резултата е постигнат во конкуренција на преку 600 борци, а го остварија:

1.Катерина Ацевска – златен
2.Дарко Стојановски – златен
3.Јаким Колевски – сребрен
4.Зоран Колевски – сребрен
5.Јана Велковска – сребрен.

„Македонските борци на најголемиот верски празник се бореа како лавови, за себе, за својот клуб, за Р.Македонија“, напиша тренерот Александар Ацевски.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...