Веласкез му се извини на Фабрицио Вердум што нема да се борат

Kain Velsakez

Дана Вајт се огласи со соопштение на социјалните мрежи, во кое известува дека Каин Веласкез отпаѓа од претстојниот меч за титулата поради повреда.

И Веласкез се обрати до фановите:

„Сигурен сум дека веќе сте слушнале за веста дека нема да бидам во можност да учествувам на средбата за време УФЦ 196. Не можам да ви опишам колку сум разочаран и токму она, што чувствувам во моментов. Сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка и вербата во мене. Ги прочитав ваши пораки. Благодарам.

Подготовките навистина беа многу тешки, особено во последните неколку недели. За жал, сепак, понекогаш се случува повредите не изненадат, без разлика на тоа колку многу сакаме даден меч да се одржи. Мислевме дека ќе успеам да заздравам и да се борам, но вистината е поинаква. Секој борец добивал различни повреди за време на некоја од подготовките. Колку и да сакам, не можам да ја игнорирам оваа траума, бидејќи според прегледот на лекар, ако квалитетно не се опоравам, тоа во иднина би можело да се одрази на моето здравје

Моите приврзаници заслужуваат да ме видат да се борам и давам 100 проценти тоа што е можно побрзо да се случи. Нема да ги разочарам. Сакам да ги уверам дека со мојот тим ќе се потрудиме да заздравам побрзо и уште долго време да се борам заради нив.

Фабрицио, се надевам најискрено ќе го примиш моето извинување. Ќе разберам, ако помислиш дека во моментов си барам оправдување. Најотворено и чесно ти кажувам, како професионалец на професионалец, јас навистина со нетрпение го очекував нашиот дуел. Многу те почитувам како борец и човек, искрено се надевам дека наскоро ќе се сретнеме повторно. Ќе се обидам тоа да биде побрзо.

Ќе заздравам и ќе се вратам, за да ви покажам за што е способен Каин Веласкез, бидејќи вие го заслужаавате тоа“, напиша Веласкез во своето обраќање.

print

Можеби ќе ви се допадне...