ВБЦ објави дека ништо не знае за позитивниот тест, Вајт позитивен на два метаболити стероиди

Вчера беше објавено дека А примерокот од Дилиен Вајт земан пред борбата со Оскар Ривас бил позитивен на допинг тестот.

Јамајканецот го победи претходно непоразениот Колумбиец со едногласна одлука на судиите и стана задолжителен предизвикувач на шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, освојувајќи ја титулата на привремен шампион во тешка категорија.

Сега е познато дека бил позитивен на два метаболити на забранетата супстанца Дианабол – епиметандиенон и хидроксиметандиенон.

Метаболитите се хемиски единки кои се меѓупродукти или продукти на метаболизмот.

Дианабол е анаболичен стероид кој се зема орално (најчесто во таблети). Развиен е во 1955 година за третман на хипогонадизам, но повеќе не се користи во медицината и во многу земји не може легално да се набави. Во Обединетото Кралство, каде што живее Вајт и често како допинг се користи од страна на бодибилдерите. Со други несакани ефекти, може да предизвика сериозно оштетување на црниот дроб.

Количината пронајдена во примерокот е многу мала и постои можност дека позитивниот тест е контаминиран додаток, но стандардот ВАДА не ја зема предвид количината, туку самото присуство на супстанцата, што значи дека секој пронајдена количина е прекршок.

Британската антидопинг агенција (УКАД) го известила надлежното тело Британскиот боксерски одбор за контрола дека Вајт бил позитивен на тестот, но БББЦ дозволи борбата да се одржи и не го известила кампот на Ривас за наодите на допинг тестот.

Генералниот секретар на BBBoЦ, Роберт В. Смит, одби да коментира за случајот и само објави соопштение во кое гласи дека нема коментари.

Промоторот на Вајт, Еди Херн, напиша на социјалните мрежи: „Можам да потврдам дека и Дилиен Вајт и Оскар Ривас беа изложени на темелно тестирање од страна на ВАДА и УКАД. И двајцата добија дозвола за настап од двете телата и од BBBЦ“.

Но, неговата изјава не негира дека примерот на Вајт е позитивен. На крајот, ВАДА не го одобрува настапот, туку само го спороведува тестирањето и ги доставува резултатите до сите договорени страни.

ВБЦ објави дека тие од никого не добиле известување за позитивниот тест на допинг на Дилиен Вајт.

„Во времето на објавување на ова соопштение ВБЦ не доби никакво известување од никого за наводниот позитивен допинг-тест Дилиен Вајт. ВБЦ не е запознаен со никакви резултатите на тестовите на ВАДА кои имаат сомнителни наоди. ВБЦ направи Програма за чист бокс која го спроведува ВАДА и која е главен приоритет за нашата организација. ВБЦ нема да ја коментира ситуацијата додека не добие уредна, формална комуникација од BBBЦ“.

💥UPDATE ON D. WHYTE’S STATUS💥“At of the time of the publication of this Release, the WBC has not received any…

Posted by World Boxing Council on 2019 m. liepos 25 d., ketvirtadienis
print