ВБА: Мануел Чар е назначен за привремен шампион во тешка категорија

manuel-char

Германскиот боксер Мануел Чар е определен од Светската боксерска асоцијација (ВБА/WBA) за привремен носител на шампионскиот појас во тешка категорија, јави германскиот Билд.

Титулата стана испразнети откако Британецот Тајсон Фјури се откажа од неа.

Чар изјави дека во јануари 2017 година ќе го брани појасот, а негова желба е средбата да се одржи во Келн, бидејќи нема право да се бори надвор од Германија.

Чар беше кандидат за шампионскиот појас во верзијата на ВБЦ, но беше нокаутиран од Украинецот Виталиј Кличко.
Во последните седум меча Германецот има три порази.

print

Можеби ќе ви се допадне...