ВБА круниса уште еден првак во тешка категорија

Во тешко обајснив потег Светската боксерска асоцијација (ВБА) покрај постоечките двајца одлучи да има уште еден светски шампион во тешка категорија.

ВБА веќе ги има „супер“ шампионот Ентони Џошуа и „редовниот“ првак Мануел Чар, а најстарата од четирите големи федерации во Феникс ја одржа борбата за привремен шампион помеѓу 28-годишниот Тревор Брајан (20-0, 14 КО) и 39-годишната Б.Џ. Флорес (34-4-1, 24 КО).

Брајан победи со прекин во четвртата рунда, а вкупно шест пати го соборуваше својот противник.

Во 2016 година Флорес загуби со нокаут од Тони Белју во мечот за ВБЦ титулата во лесно-тешка категорија. Ова му беше четвртата борба во тешка категорија.

print

Можеби ќе ви се допадне...