Вајт разговарал со Мејведер за нов бокс меч

Шефот на УФЦ, Дана Вајт, откри многу интересни работи од последниот разговор со Флојд Мејведер. Темата на разговорот била организирање на боксерска галавечер. Вајт негираше дека американската боксерска легенда има намера да се испроба во мешаните боречки вештини.

„Ајде да се расчистиме, Флојд ќе биде убиен по правилата на ММА и сметам дека тој го знае тоат. Сериозно ви зборувам за моите планови да влезам во боксот. Се среќавам многу луѓе од боксерскиот свет, како и со луѓето на Флојд. Тоа ќе биде одличен настан ако Мејведер учествуа на ММА средба. Тој ќе заработи многу пари, но не мислам дека има намера да се бори во октагонот“, вели Вајт.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...