Вајлдер: Ќе се борам со Ентони Џошуа

Vajlder so pojas

Додека Александар Поветкин и неговиот тим се обидуваат повторно да го решат прашањето за датумот за меч со Дионтеј Вајлдер, Американецот веќе гледа кон друг кандидат – шампионот на ИБФ, Ентони Џошуа.

„Ако Џошуа сака да се докаже во САД, против кого може да стане најдобро, освен Дионтеј Вајлдер? Тој рече дека сакал да се бори со победникот меѓу Фјури и Кличко, но зошто наместо тоа не се сретнеме ние двајцата? Јас сум подготвен да ја прифатам оваа борба, нека ја направи“.

Вајлдер има закажана доброволна одбрана на титулата на 16 јули против Крис Ареола.

print