Вајлдер: Јас сум најверојатно најјакиот удирач во историјата

Дионтеј Вајлдер веќе ги има испланирано следните два меча.

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија прво до крајот на годината би требало по десети пат да ја брани титула во реваншот против Луис Ортиз, а потоа, ако се одеше според планот, во февруари 2020 година и реваншот со Тајсон Фјури. Нивната прва борба во декември 2018 година заврши со контроверзно реми, затоа што иако Вајлдер два пати го рушеше  Фјури, „Кралот на Ромите“ заслужи ја однесе победата на поени.

„Бронзениот бомбардер“ е убеден дека тој всушност го нокаутирал Фјури, но судијата преспоро броел.

„Борбата беше неверојатна, беше контроверзна. Знаете, велам дека го нокаутирав затоа и што го направив тоа. Судија, знаеш …“.

„Вториот пат кога ќе се слушне ѕвончето, ќе го нокаутирам уште порано. Но, овој пат нема да се подигне, тоа ви го ветувам. Кога го погодив Тајсон Фјури доби потрес на мозокот. Не знае како станал. Не знаеше како сенашол на подот или како станал – тоа е знак за потрес на мозокот“, изјави за Ток спорт.

„Неговото семејство не сака повторно да се бори со мене и тоа е разбирливо. Тоа е затоа што јас сум веројатно најсилниот удирач во историјата и точка“.

Вајлдер не сака да жали што не успел да го заврши Британцот во првиот меч.

„Не сакам да во мојата глава да ми се мотаат гласови и енергија со притисок дека морам да го нокутирам. Победата е победа. Било да е таа грдо или убава. Не жалам што не го завршив. Борбата беше контроверзна, а тоа добро се продава. Првиот пат имавме добра борба, а втората ќе биде уште подобра“.

print