Вајлдер: Убеден сум, ќе направиме договор со Џошуа

Шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во тешка категорија Дионтеј Вајлдер е убеден дека ќе склучи договор за средба со својот најзначаен противник Ентони Џошуа. Борбата ќе обедини три од највредните професионални боксерски појаси.

„Не мислам дека ќе биде тешко да се разберат условите за трансакцијата, откако ќе го нокаутирам Луис Ортиз. Воопшто нема да е тешко. Ако треба да одам во Велика Британија, така и ќе биде. Не се плашам да патувам. друго е прашањето дали тој е подготвен за тоа. Никогаш не боксирал на странска територија и не планира да го прави тоа. Тие сакаат да се борат таму, каде се чувствуваат добро. Но кога ќе одам кај нив, ќе им натплескам задниците“,  изјави Вајлдер.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...