Вајлдер: Сакам реванш со Фјури што поскоро – Бог го подигна тој човек од подот за реванш

Дионтеј Вајлдер за време на телефонска конференција со новинари го откри своите следни потези.

ВБЦ шампионот сака реванш со Тајсон Фјури поскоро отколку борба со Ентони Џошуа.

Нивната одлична борба минатиот викенд во Лос Анџелес заврши без победник, а Американецот во текот на борбата два пати го соборуваше Фјури.

Во воведот на мечот и двајцата покажуваа, понекогаш и тајно, меѓусебно почитување и Вајлдер нагласи дека приватно го цени Фјури.

„Подготвен сум да му дадам шанса на Фјури што е можно поскоро. Единствената испрвана работа е да му дадам реванш на Фјури што е можно поскоро. Јас сум подготвен кога тој ќе биде подготвен. Подготвен сум да и го дадам на навивачите она што го сакаат и да ја завршиме приказната за тоа кој победи еднаш засекогаш“.

„Сите зборуваат за оваа борба и затоа ќе се бориме уште еднашт. Некои мислат дека победил, некои јас, а други дека е нерешено. Не знам како тој човек се подигна од подот. Не знае ниту тој како станал. Мислам дека имаше војска на молители околу него. Бог го подигна тој човек од подот за реванш“.

„Во реваншот нема да има изговори. Видовме што може да направи – да се подигне откако видов дека очите му се превртуваат. Многумина мислат дека борбата тогаш требаше да биде прекината. Во девет од десет такви случаи судијата веднаш би ја прекинал“.

„Некои мислат дека не сакам реванш. Зошто не би сакал? Јас сум најнепредвидлив на планеата. Не сакам никој друг освен Тајсон Фјури и мислам дека навивачите заслужуваат реванш“.

„Сите ги интересира што ќе се случи во втората борба. Таа ќе одговори на сите прашања. Мислите дека првата борба беше нешто? Боже мој, не можам да ја дочекам втората. Ако биде добра како и првата, би можеле да направиме и трилогија. Никогаш не сте ме виделе во здодевна борба. Фјури и јас сме вистински шампиони. Се сретнавме, разговаравме и ја договоривме борбата, бидејќи ние сме најдобри во тешка категорија и тоа сакавме да го докажеме. Заедно го постигнавме тоа и беше одлично. Сега сме подготвени да го повториме тоа“.

Одлуката на Вајлдер веројатно ја помогнаа и првите проценки за продажба на ППГ, според кои тие продалет повеќе од 300.000 преноси, што е најмногу во последните 15 години во САД за борба на тешкаши.

print

Можеби ќе ви се допадне...