Вајлдер му порача на Бризил: Ќе ја нокаутирам оваа будала

Дионтеј Вајлдер на 18 мај во Њујорк ќе се бори против американскиот боксер Доминик Бризил. Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ не бираше зборови кога зборуваше за 33-годишниот предизвикувач, кој во кариерата, од 21 меч, има само еден пораз и тоа од Ентони Џошуа, во 2016 година.

„Ќе ја нокаутирам оваа будала, се надевам дека напорно тренира. Тој е наметнат предизвикувач, а таквите ми одат на нерви. Тоа се обични муви кои само ми зујат покрај ушите, а јас ќе ја смачкам и оваа. Никој не може да ме победи“, рече Вајдлер.

И Бризил имаше „убави“ работи да каже за Вајдлер.

„Ми се лоши кога го гледам овој шупак како се фали наоколу со појасот. Луѓето ќе скокаат од своите места во салата кога ќе го нокаутирам“, вели Бризил.

Тој има 18 нокаути од 20 борби.

print