Вајлдер мора на промоторот на Поветкин да врати 5 милиона долари

Дионтеј Вајлдер и Александар Поветкин не се бореа во рингот, но нивната судска битка траеше со години и сега дојде до завршница.

Апелациониот суд во Њујорк ги отфрли тврдењата на двете страни во врска со прекршување на договорот за откажаната борба во мај 2016 година во Русија.

 Судот на Вајлдер во февруари 2017 година му додели отштета од 5 милиони долари колку што требаше да добие за одбраната на титулата во Русија.

На Поветкин во очи на борбата на допинг тестот му беа пронајдени траги на мелдонин, а Американецот одби да боксира со него.

Следеше контранапад од промоторот на Поветкин Ворлд оф боиксинг/Светот на боксот (WoB), кој побара отштета поради неодржувањето на настанот. ВоБ победи на поднесувањето на понуди со износ од 7,15 милиони долари.

Парите требаше да делат 70/30 во корист на Вајлдер, а во тоа и не вклучено 10 отсто од износот – 715.000 долари – кој беше ставен на посебна сметка како бонус за победа.

На крајот судот ги отфрли тужбите на двете страни, а поголем удар му е зададен на Вајлдер, затоа што мора да му ги врати парите на Светот на боксот.

Одбраната на Вајлдер тврди дека падот на Поветкин на допинг тестот значи прекршување на договорот, според ВБЦ стандардите и стандардите на Агенцијата за доброволно анти-допинг (ВАДА).

Бидејќи резултатите од тестот беа откриени само три недели пред планираната борба, ВБЦ одлучи дека тој меч да не биде за титулата. Проблемот настани бидејќи мелдониумот е ставен на листата на забранети супстанци дури од 1 јануари 2016 година, а страната на Поветкин тврдеше дека трагите од таа супстанца се пронајдени заради употребата во септември минатата година, додека се уште беше дозволено мелдониумот да се користи.

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) спроведе истражување и објави дека спортисти чии наоди покажуваат помалку од 1,0 микрограми на мелдониум по милилитар не треба да сносат никакви санкции.

„А“ примерокот на Поветкин содржеше 0,07 микрограми на милилитар, а Б примерокот 0,072, што е приближно 14 проценти од максималната вредност утврдена од ВАДА.

ВБЦ во својата истрага заклучи дека е невозможно да се докаже дека Поветкин го земал мелдониумот по 1 јануари 2016 година.

Русинот ја изгубија позицијата задолжителен предизвиикувач и мораше да почне со Програмата за чист бокс, додека Вајлдер, наместо со него, се бореше со Крис Ареола.

Падот на тестот го чинеше и Поветкин заработка од скоро два милиона долари.

Вајлдер во својата следна борба повторно ќе се бори против Луис Ортиз кој падна на допинг-тестот пред нивната прва борба. Иако ВБЦ шампион постојано највауваше дека нема да се бори против боксери кои се „валкани“, повоторно договори борба со Кубанцот, додека за нов договор за борба со тогашниот задолжителен предизвикувач Поветкин ниту не помисли.

print