Вајлдер и Ортиз ќе се борат на 9 ноември

Дионтеј Вајлдер и Луис Ортиз ќе се борат на 9 ноември. Постојат две сали каде штоможе да се одржи дербито за титулата на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во тешка категорија. Тоа се Стејплс центарор во Лос Анџелес и МГМ гранд во Лас Вегас. Се очекува  договорот официјално да биде потпишан во наредните денови.

 Почетниот датум за средбата беше 28 септември. Првиот меч меѓу нив заврши со победа на Вајлдер. Американецот имаше проблеми за време на среедбата, но успеа да го сврти мечот и да го нокаутира Кубанецот во 10-та рунда.

print