Вајлдер ефектно го нокаутира Бризил во првата рунда (ВИДЕО)

Дионтеј Вајлдер го нокаутира Доминик Бризил во првата рунда и ја одбраната титулата на ВБЦ во тешка категорија.

Вајлдер сега има скор од 41 победа од кои 40 се со нокаут и една нерешена борба против Тајсон Фјури. Тој го нападна Бризил од првиот удар на гонгот и на ефикасен начин дојде до победата. Во средината на рингот, кога никој не очекуваше Вајлдер го нападна со преден лев директ и го заврши со десницата.

Американецот по девети пат ја одбрани ВБЦ титулата и се најде во Топ 10 на сите времиња во подолгата историја на боксот која трае 130 години.

Најмногу одбрани има Џо Луис (25), Лери Холмс (19), Владимир Кличко (18), Томи Бернс (11), Мухамед Али (10), Мајк Тајсон, Џо Фрејзер и Ленокс Луис имаат по девет одбрани.

Ова е втор пораз на Бризил, пред три години загуби со нокдаун во седмата рунда од Ентони Џошуа.

print