Васко Бакочевиќ на КСВ во Загреб против порамешниот првак

Полските медиуми го објавија името на противникот Васо Бакочевиќ (39-18-1) за настанот на КСВ во Загреб, закажан за 9 ноември.

30-годишниот Црногорец во Загреб арената треба да се бори против Борис Манковски (19-8-1) во категоријата до 73 килограми, јави ММА Рокс.

 30-годишниот Полјак е поранешен шампион во лесна категорија на КСВ, но во моментов е во криза.

Во мај 2017 година поразен е со едногласна одлука во Мамед Калидов. Потоа, во декември истата година остана без појасот кога Роберто Солдиќ го победи со технички нокаут. Во последниот настап во март оваа година загуби на поени од поранешниот борец на УФЦ, Норман Парке.

Манковски оствари 3 победи со нокаут, а 7 со завршница. Беше успешен против поранешните борци на УФЦ Џон Магиреа и Џси Тејлор, како и против Асламбек Саидов и Дејвид Завада.

Бакочевиќ во моментов е во серија од 6 победи.

print