Вардар во сабота го организира меѓународниот турнир „8 Септември“

На 7 септември во Скопје ќе се одржи Меѓународниот турнир во борење слободен стил за деца, пионери и женско борење „8 Септември“ во организација на БК Вардар.

Турнирот ќе се одржи во салата „Андон Димитров“ во Општина Бутел со почеток во 10:30 часот.

Се очекува учество на околу 100 борачи од Бугарија (два клуба), Србија, Косово и Македонија.

print