Варадинова и Рамадани тренираа со олимпискиот медалист Азис Салиху (ФОТО)

Викторија Варадинова и Хадис Рамадани ја искористија да одржат важен тренинг со олимпискиот медалист Азис Салиху пред Балканското првенство во кик бокс за сениори во Бјело Поље во Црна Гора и седмата професионална кик бокс борба на Рамадани во Швајцарија.

И Варадинова и Рамадани имаше што да научат од легендата на македонскиот и екс-југословенскиот бокс, Азис Салиху. Но тука беа и поранешниот репрезентативец и во бокс и во кик бокс Скендер Јахиу, како и домаќините од БК Чаир, Фатон Салиху и Енвер Салиху.

Ова покажува и дека освојувачот на бронзениот медал од Олимписките игри 1984 година во Лос Анџелес, Азис Салиху, по успешната операција во Истанбул е во се подобра здравствена состојба.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...