БФМ го презакажа 5.коло од Првата и Младинската лига за 3 декември

Боксерската федерација на Македонија (БФМ) го презакажа 5.коло на Првата и Младинската лига на Македонија за 3 декември (недела). Првично колото беше закажано за 2 декмври, но поради зафатеност на спорстката сала при Факултетот за физичка култура во Скопје е презакажано.

Во истиот ден во Штип ќе се одржи мечот меѓу Пинк Пантер и Лозница од Регионалната бокс лига, така што може да се очекува дека некои боксери во сениорска конкуренција нема да се појават на рингот во Скопје.

Борбите ќе почнат во 15 часот, а мерењето е од 9:30 – 10:30 часот во хотелот Континентал. Организатор на ова коло е БК Јордан Мијалков од Скопје.

Екипата на БК Чаир е водечка и во Првата и во Младинската лига.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...