Бутел растури на Астерикс купот во Ниш (ФОТО)

Таеквондо клубoт Бутел го освои првото место екипно со освоени 5 сениорски медали – четири златни и еден сребрен на Меѓународниот таеквонод турнир Атерикс куп во Ниш, Србија.

Но и второто место во сениорска конкуренција екипно и припадна на македонска екипа, Гоце Делчев со 4 сениорски медали – два златни и по еден сребрен и бронзен.

ТКД Бутел го освои и второто место во јуниорска конкуренција екипно.

Македонските клубови настапија со над 80 натпреварувачи од сите клубови членки на МТФ, оваа годинана овој Куп имаше над 1000 наптреварувачи од преку 100 клубови од 11 држави.

Македонските борци постигнаа одлични успеси, речиси и да немаше клуб од Македонија кој не нанижа по неколку медали,одлични настапи: ТК Кобра,ТК Борец, ТК Корио, ТК Делини Академија Анастасов, ТК Бутел, ТК Гоце Делчев, ТК Тигри и ТК Хва ранг фист

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...