Нашaтa таеквондо екипа посилна од судиските неправди освои бронзен медал

Hva rang na piedestal vo Blagoevsgrad

Натпервраувачите на ХВА Ранг ИТФ (деца) испишаa нова старница во историјата на македонското таеквонодo ИТФ на најсилниот меѓународен турнир во Европа, „Фалкон 2015“ во Благоевград-Бугарија, кој се одржа викендов, каде што учествуваа 46 клубови со над 450 натпреварувачи од најдобрите екипи од осум земји.

HVA rang so nekoj koreec vo BG

На овој турнир македонските клубови освоија 14 медали – 1 златен, 3 сребрени и 11 бронзени.

NVA rang site vo Blagoevgrad

„Златен медал освои Божидар Димитриевиќ кој беше доминантен во својата категорија. Најголем успех за нашата земја е што за прв пат учествувавме екипно во борби, пионери и јуниори. Двете наши екипи го освоија третото место. Јуниорската екипа настапуваше во состав: Филип Јосифоски, Александар Јованоски, Кирил Симоноски, Димитар Бречков и Бојан Зориќ. Во полуфиналето беа елиминирани од екипата на домаќините, кои станаа прваци во јуниори екипно. Пионерската екипа ја сочинуваа: Антонио Јанески, Давид Велковски, Божидар Димитриевиќ, Христијан Митрески и Стефан Каланоски, која го постигна и најголемиот успех во конкуренција на 16 екипи. Во четвртфиналето ја победија екипата на домаќините, кои имаа огромна помош од судиите, но беа немоќни пред нашите деца. Судиите одеа до таа крајност што од резултат 5-1 за нашите, направија 5-3 и дадоа предлог за златен поен. Но се замешаа видни луѓе од ИТФ од Словенија,  па победата и беше доделена на нашата екипа. Во полуфиналето нашата екипа влезе со еден натпреварувач помалку, бидејќи Давид Велковски беше повреден во претходните борби, стартувавме со – 2 поени и бевме елиминирани од екипата на Словенија, која заслужено го освои првото место“, истакна тренерот Марјанчо Лазаревски. Кој истакнува дека во успесите имаат заслуга и спонзорите.

Hva rang vo Blagoevgrad

Македонија на „Фалкон 2015“ ја претставуваа три клуба: Хваранг ИТФ, Хваранг фист и Мастер, под водство на Марјанчо Лазаревски, потпретседател на Македонската ИТФ федерација  и Ацо Јосифоски, национален тренер на Македонската ИТФ федерација.

Турнирот беше можност за повеќе репрезентации да направат избор за националните селекции.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...